Фудбалерот на Интер, Марсело Брозовиќ вечно ќе биде херој помеѓу македонските љубители на бубамарата откако ја плати потребната сума од 3 000 евра за операција на Стаменка Трповска во Белград, соседна Србија.
Таа, денеска, на социјалните мрежи со обрати за финансиска помош. „Inter Tifosi Balkan“, група на социјалните мрежи на поддржувачи на популарниот калчолигаш Интер од Блканот, ја сподели приказната за 26 годишна Македонка. Експресно реагираше играчот од средниот ред на Интер, хрватскиот интернационалец Марсело Брозовиќ, кој без многу помпезности најави и ја уплати потребната сума, што предизвика бура од позитивни реакции на социјалните мрежи.
Трпoвска која има проблем со колкот може веднаш да ги подготвува потребните документи и со мирна глава и позитивна енергија да се насочи кон решавање на проблемот.
Од другата страна, името на Брозовиќ се велича во македонските медиуми а рака на срце, има и зошто. Секоја чест шампиону!
ГОЛЕМ СИ МАРСЕЛО! Нашите пријатели Inter Tifosi Balkan споделија вест дека на наша сограѓанка и се потребни финансии…
Geplaatst door Inter Club Macedonia op Woensdag 17 juni 2020
OhridNews