Холандскиот истражувач Вајгер Вамелинк објавил дека претпоставува како за десет години на Марс ќе може да се одгледува овошје и зеленчук. Тој извршил експеримент кој траел 50 дена на таканаречена копија на Марс, која се наоша во близина на Хавајските вулкани, правејќи климатски и други услови слични со оние кои владеат на Црвената планета.
Вамелинк открил дека 14 сорти билки кои ги посадил почнале активно да растат, а некои дури и расцветале. Завршната фаза на овој експеримент ќе биде директно на Марс, каде во иднина, како што се верува, ќе оди експедиција. Мисија на Марс најавиле НАСА и некои приватни компании, кои веќе спровеле аудиција за избор на патници.