Новиот спортски директор на Интер Џузепе Марота по рецептот на неговиот поранешен клуб Јувентус ќе го договори првиот трансфер во летниот преоден рок.

Како што пренесуваат италијанските медиуми, Марота успешно ги завршил преговорите со Диего Годин и моменталниот фудбалер на Атлетико Мадрид како слободен агент без никаква оштета ќе го засили клубот од Џузепе Меаца.

Ваквите засилување односно трансфери се заштитен знак на Јувентус. Клубот од Торино плејада на добри, квалитетни и трофејни фудбалери ги доведе без оштета како слободни агенти, а доприносот во успесите на клубот беше многу голем.

Се уште нема потврда од клубовите за договорениот трансфер, но шпекулациите се` се погласни и веројатно во најскоро време ќе се официјализира соработката на Годин и италијанскиот клуб.

OhridNews