Во Салонот на резбата при  Центарот за Култура “Григор Прличев”  – Охрид,  вчера се  одржа промоција на книгата “Персеј” од познатиот македонист  и истражувач  на древните  вредности на Македонците, Ангелина Маркус. За нејзиното досегашно творештво говореше промоторот Драгица Силјаноска, а своето ново дело “Персеј” на свој емотивен начин го претстави токму авторот, Ангелина Маркус.


Говорејќи за Македонија во времето на кралот Персеј, Маркус истакна дека тогаш Македонија била најбогатата земја.

-Само личното богатство на кралот Персеј, измерено во злато,  денеска би вредело околу  осум  и пол милијарди евра, – рече Маркус – додавајќи дека  кралот Персеј кој и не е последниот македонски крал, е еден од оние древни македонски кралеви кој не е присвоен од тогашните други царства, и  токму затоа тој си останува Македонец.


Маркус истакна дека името Македонија  им припаѓа на Македонците кои, како што рече треба да го одбранат.

– Ако  еден  Хемингвеј ни покажува како старецот се бори со едно весло против крвожедните ајкули кои ја глодаат рибата, тогаш време е и ние да го разбудиме стариот Македонец во нас и да му покажеме на двоножните ајкули дека и ние весла за бранење и за удирање имаме – ја заврши својата порака Ангелина Маркус.

текст и фото:
  “РОДОЉУБИ СВЕТИ ИЛИЈА“