Охриѓанецот во редовите на Работнички, Кире Маркоски се најде на поширокиот список од селекторот Бошко Ѓуровски за контролните натпревари против Камерун и Катар кои ќе се одиграат во Австрија.

Сезонава 18-годишниот фудбалер на „романтичарите“ игра во фантастична форма, а беше дел од екипата која го освои трофејот во Купот на Македонија.

Покрај охриѓанецот на списокот се наоѓаат уште 42, а од нив 25 ќе бидат повикани за пријателски натпревари.

Составот :

Голмани : Пачовски, Наумовски, Ефремов, Јовановски

Одбрана : Георгиевски, Тодоровски, Ристовски, Попов, Алиоски, Цуцули, Мојсов, Шиков, Грнчаров, Ристевски, Најдоски, Зајков

Среден ред : Демири, Стјепановиќ, Положани, Спировски, Глигоров, Хасани, Ибрсими, Бабунски, Муарем, Трајковски, Бојку

Напад : Тричковски, Абдурахими, Костовски, Јаховиќ, Илијоски, Сулејманов, Велкоски, Маркоски, Блажевски, Ибраими, Скендери, Аврамовски, Абдула, Тодоровски, Симоновски.

Мх.П.