На гостувањето во Тетово кај екипата на Шкендија фудбалерите на Брегалница прокнижија значајни три бода победувајќи 2-0. Со победата штипјани ја запреа забрефтаната Шкендија која претходно им го зеде скалпот на Работнички и Вардар.

– Одигравме фантастичен натпревар без ниедна грешка посебно во одбраната. Можевме уште побрзо да го решиме победникот, но нападот промаши неколку контра напади. Трите бодови се големи, огромни за нас од гостувањето во Тетово – рече охриѓанецот во дресот на Брегалница, Ристе Маркоски.

По триумфот штипскиот сини се израмнија на табелата со „црвено црните“ и полека чекорат кон обезбедување на опстанок во Првата лига од каде сезонава ќе испаднат дури четири екипи.

Мх.П.