Охридскиот фудбалски судија Марјан Маркоски ќе биде носител на ФИФА интернационалниот амблем кој ќе го добие во наредната 2008 година.
Маркоски ќе биде третиот на листата интернационални фудбалски судии од Македонија во 2008 година делители на правдата за футсал.
Покрај новакот Маркоски, на листата се и староседелците Владимир Шаровиќ од Скопје и Петар Мантев од Неготино
Маркоски на меѓународната сцена дебитираше како четврти судија на натпреварот на “Ниниан Парк“ во Кардиф меѓу младите репрезентации на Велс – Франција (4-2) од квалфикациите за пласман на ЕП за играчи до 21 година .
Фудбалската федерација на Македонија во 2008 година на меѓународната сцена ќе биде застапувана со шестмина судии, двајца главни и четворица помошници.
При редукцијата на македонските судии е направена и рокада. Наместо Горан Спиркоски од Прилеп, кооптиран е дебитантот Димитар Мечкаровски од Скопје на главната листа, каде што останува и Александар Ставрев од Скопје.
Рокада е направена и меѓу четворицата помошници, каде што ново име е Душко Милошевски од Скопје. На листата опстанаа Љубомир Крстевски од Битола, Петре Кодовски од Велес и Марјан Кировски од Скопје.