Охриѓанецот Ристе Маркоски е еден од многуте нови фудбалери во битолски Пелистер. „Зелено белите“ на големо се екипираат и ставаат јасна цел за враќање во Првата лига.
– Имаме квалитетна екипа, работиме напорно, тренираме три пати дневно и сите сакаме клубот да го вратиме онаму каде што припаѓа во Првата лига. Пелистер е сериозен клуб, затоа и прифатив трансфер во Битола, а армијата навивачи сигурно ќе биде мотив повеќе за мене и целата екипа. – рече Маркоски.
Фудбалерот за врска во Битола се пресели од кичевски Влазрими, а претходно ги бранеше боите на Напредок, Брегалница и Охрид 2004.
Мечевите од Втората лига ќе продолжат во последниот викенд од вториот месец во годината.
OhridNews