Фудбалерот за врска, Ристе Маркоски (27 години) кариерата ќе ја продолжи во екипата на Брегалница.

Охриѓанецот, кој пет години настапуваше во тимот на Напредок се реши да замине од Кичево во працев кон Штип откако клубот се соочи со големи финансиски проблеми.

Сезонава Маркоски во дресот на Напредок одигра 18-ет натпревари, а постигна два погодоци.

Новата станица на охриѓанецот Брегалница се наоѓа во опасната зона на табелата, но со големи амбиции во пролетниот дел од Првата македонска фудбалска лига.

Мх.П.