Охриѓанецот Ристе Маркоски ја продолжи верноста кон кически Напредок. Деновиве Маркоски го продолжи договорото со кическиот второлигаш и од утре ќе и се приклучи на екипата на Баже Лазарески во подготовките за продолжението на шампионатот.


Останувам во Напредок, не ни требаше многу време да го договриме продолжувањето на договорот. Нашата цел и понатаму останува иста, а таа е  враќање на тимот во прволигашката конкуренција – рече за ohridnews Маркоски.

Маркоски кој потекнува од охридската школа, во својата кариера покрај дресот на Охрид, една сезона го носеше и дресот на Илинден од Велмеј. Во изминатите шест месеци е дел од тимот на Напредок кој по одиграните 13 кола со 21 бод се наоѓа на петто место.

М.П.