Победнички старт за охридските бели , во трката за опстанок во второлигашката конкуренција. “Рибарите“ до третата победа во овогодинешниот шампионат, втора над Цементарците стигнаа со погодоците на Атај во првиот И Клечкароски И Никодиноски во вториот дел. Победата на Цементарница добива на значење ако се знае дека е совладан директниот конкурент во борбата за избегнување на местата кои водат во понизок ранг.

Добивме еден мошне важен натпревар против директен конкурент во борбата за опстанок. Психолошки доста тежок, меч за младата екипа која ја имам на распологање кој одигра доста дисциплинирано и ефикасно. Оваа победа ќе ни даде дополнителен мотив во битката за опстанок во второлигашкото друштво. – рече Гоце Маркоски , шефот на струката во Охрид.

Во наредното 15 коло, Охрид гостува кај Брегалница во Штип. Во есенскиот дел од шампионатот Охрид на “Билјанини Извори“ претрпе убедлив пораз од 3-0.

М.П.