Градот Кичево одново дише со фудбалот, но овој пат не со Напредoк туку со фудбалерите на Влазрими кои во Втората се борат за влез во Првата лига.


Во пролетната полусезона охридскиот стратег Драган Бочески на клупата од кичевскиот второлигаш ќе води жестока битка за местата на табелата кои водат во елитата.

– Имаме големи амбиции како и неколку други екипи во лигата. Отприлика првите четири натпревари ќе го определат нашиот статутс за понатаму. Во тие четири мечеви ќе се сретниме со два директни ривали и со два тима кои се борат за опстанок што ќе бидат исклучително тешки мечеви. – рече Ристе Маркоски.


Тој по завршување на есенската полусезона од Брегалница се пресели во Влазрими и веднаш ја презеде улогата мотор во тимот.

Кичевачни во Охрид одработија десет дневни подготовки и одиграа контролни средби со екипи од Првата лига и од соседна Србија.

Во првиот натпревар од втората полусезона од лигата ќе се сретнат со Младост од Царев Двор. Мечот ќе се одигра в понеделник во Битола.

Мх.П.