Новајлијата во дресот на Металург, Никола Маркоски имаше одлично деби на струшкиот турнир откако им помогна на своите соиграчи да го одбранат трофејот освоен минатата сезона.
– Секако дека секое прво место на кој и да било турнир е драгоцено, а чувството да бидеш освојувач на трофејот во градот каде што си ги направил првите ракометни чекори е неописливо. Покрај тоа ние турнирот во Струга го искористивме за уигрување пред бараж мечот со Пиг – Сегед во Лигата на Шампиони – рече Маркоски.
Играчот на линијата од шест метри заедно со Русинот, Павел Атман оставија најсилен белег од дебитантите во Металург на 41-то издание на меѓународниот ракометен турнир во Струга.
Мх.П.