Немам направено трансфер во Албанија, немав ни понуда да се преселам во екипата на Балиш – рече Ристе Маркоски за Ohridnews и додаде – И да направам трансфер тоа ќе биде во некоја екипа од националниот шампионат.

Кичевскиот прволигаш Напредок западна во финансиска криза и поголем дел од играчите веќе го напуштија клубот. До името на Маркоски стигнаа неколку понуди, а тој ќе ја одбере најдобрата каде да ја продолжи кариерата.

– Имам неколку понуди околу мојата иднина. Деновиве треба да одлучам која ќе ја прифатам и каде ќе ја продолжам кариерата – потенцираше фудбалерот за врска.

Мх.П.