Фудбалерот за врска, Ристе Маркоски се најде на списокот од селекторот Бошко Ѓуровски за двата контролни натпревари со Кина на 18 и 22 јуни.

На контролните натпревар селекторот ќе му даде нова прилика на фудбалерите кои доаѓаат од Првата лига и на уште неколку фудбалери од странство.

Охриѓанецот Маркоски не е прв пат во А селекцијата откако претходно беше два пати повикан и тоа за контролниот дуел со Полска во Анталија и на тест средбата меѓу прволигашите во Скопје.

Составот :

Голмани : Наумовски Кристијан (Динамо Букурешт, Романија), Ефремов Андреја (Металург)

Одбрана : Зајков Ѓоко (Работнички), Дамчевски Александар (Черноморец, Бугарија), Сиљановски Горан (Работнички), Брдаровски Владица (Пелистер), Џелил Абдула (Еуромилк), Цуцули Ардиан (Шкендија)

Среден ред : Лена Нијаз (Фљамуртари, Албанија), Велковски Дарко (Работнички), Бојку Бесмир (Македонија Ѓ.П.), Маркоски Ристе (Брегалница 2008), Радески Марјан (Металург), Тодоровски Благоја (Работнички), Најденов Бојан (Хоризонт Турново), Маркоски Кире (Работнички), Љамчевски Благоја (Вардар)

Напад : Маневски Борче (Работнички), Сулејанов Тауљант (Работнички), Симоновски Марко (Металург), Аврамовски Даниел (Работнички), Илијоски Баже (Работнички).

Мх.П.