Охридскиот фудбалер Ристе Марковски кариерата ќе ја продолжи во Албанија односно во дресот на Балиш пренесува спортскиот портал Спорт365.

Тој пет години беше незаменлив во средината од теренот во тимот на Напредок. Низ годините охриѓанецот оддолеваше на понудите на Работнички, Металург, Вардар, Пелистер, но поради кризата во кичевскиот состав дојде време за разделба.

Новиот тим на Маркоски се натпреварува во Супер лигата и со 21 бод се наоѓа на деветтата позиција.

Маркоски, кој потекнува од охридската фудбалска школа има и еден настап за репрезентацијата на Македонија.

Мх.П.