Охриѓанецот Марјан Маркоски е делегиран за главен судија на натпреварот од 19 коло помеѓу Вардар и Милано на “Филип Втори“ арената. На Маркоски ќе му помагаат стружаните Чакарески Лазе и Кирил Негриески. 4 – ти судија е Стевчо Шулески.


Второлигашка работа викендов ќе има Марјан Ецкоски. Тој ќе го води натпреварот Влазерими – Шкендија кој ќе се игра во Скопје. Негови помошници ќе бидат Жарко Тодоровски и Драган Неделкоски. Четврти судија е Ацо Мацески.

М.П.