Екипата која за престојоното првенство во Албанија се подготуваше во Охрид, му го фрлила пикот на охридската десетка.
Тренерот на Тирана, Блаж Слишковиќ бил заинтересиран во своите редови да го види охридскиот плејмејкер.
Челниците на клубот оствариле контакт со Маркоски но како што ohridnews дознава до заминувањето на Тирана од Охрид, договор не бил постигнат.
Капитенот на охридските бели,кој една сезона играше во Илинден од Велмеј, ќе мора да почека нова шанса за промена на клупските бои.