Охриѓанецот Ристе Маркоски по само шест месеци ќе ја напушти екипата на Брегалница пренесува дневниот спортски весник „Македонски спорт“.
Маркоски, кој штипските сини ги засили од редовите на Напредок беше иницијатор на одличните резултати на Брегалница која без поголеми проблеми обезбеди опстанок.
Штипјани веќе договорија едно засилување а тоа е Оливер Пеев од екипата на Металург, а второто потенцијално е Деан Митров од Хоризон Турново.
Мх.П.