Трансферот од кичевски Напредок во Брегалница се покажа како полн погодок на охриѓанецот Ристе Маркоски. Со неговото доаѓање значително го освежи средниот ред на штипјани, а нападот доби опција плус.
– Немам зборови со кои би ја искажал нивната гостопримливост и како се прифаќа секој нов член во „сината“ фамилија. Се е на завидно ниво, условите за работа и тука мислиш само на фудбал, а во таква средина успесите никогаш не изостануваат – потенцираше Ристе Маркоски.
Фудбалерот за врска во шест настапи за тимот на Брегалница постигна три погодоци, а еден од нив беше победнички на „Железара“ против Металург за конечни 2-1, но со квалитетната партии игра клучна улога во успесите во продолжението од сезоната.
– Почеток каков што можев само да посакам. Моите погодоци се само награда за она што јас секогаш го давам за екипата. Сите сме како еден и на теренот имаме само една цел, а тоа е да извлечеме поволен резултат за тимот. Со таков мотив ќе влегуваме бидејќи нашите навивачи го заслужуваат тоа – истакна популарниот „Марка“.
Фудбалерите на Брегалница се наоѓаат во втората половина од табелата во Првата лига и до крајот на првенството имаат за цел опстанок во елитата, а од следнта сезона поголеми се плановите.
Мх.П.