Негативата 2-0 од првиот натпревар не ги плаши штипските сини кои по секоја цена сакаат пласман во финалето од Купот на Македонија.

Работнички со победа 2-0 максимално го искористи домашниот терен, а сега на таква задача се фудбалерите на Брегалница предводени од охриѓаните Ристе Маркоски и Сашо Ѓорески.

Вториот полуфинален натпревар меѓу Металург и Тетекс исто така ќе биде интересен откако првиот заврши без голови и без победник 0-0.

Мх.П.