Ракометниот клуб Вардар и тренерот Стефче Алушовски се соочија со голем проблем, откако Марко Вујин самоиницијативно заминал од екипата, ден пред мечот со Пик Сегед во Лигата на Шампиони.

Како што информира „24ракомет“, Вујин не се појавил во предвидениот термин за патување во Унгарија каде Вардар треба да го одигра мечот со Пиг Сегед. Српскиот ракометар се поздравил со играчите но никој не известил за својата одлука, која во најмала рака не е спортска и професионална.

Вујин во Вардар пристигна на почетокот од оваа сезона од редовите на Спортинг Лисабон. Србинот не се снајде најдобро и најверојатно неможел да се помири со фактот дека не е повеќе прва опција за позиција десен бек во Вардар.

„Црвено црните“ во Сегедин отпатуваа и без Борко Ристовски, кој поради повреда остана во Скопје.

OhridNews