Охридскиот супер хероj Марко Пејчиновски утре на осмиот поставен предизвик ќе плива 18 километри на релација Заум-Охрид.
Овој викенд, недела, 07.08.2022, осмо препливување на релација Заум – Охрид (18км). Се гледаме на целта, порача Марко на својот фејбук профил.
Пред само една недела Марко ја исполни седмата мисија на Охридското Езеро ова лето препливувајќи ја дистанцата Радожда – Трпејца – Градише за 6 часа 52 минути 15 секунди.
До крајот на летото Марко ќе преплива вклучително со утрешната уште три релации на Охридското Езеро, вкупно 10 од поставениот предизвик, во должина од 250 километри.
Подвизите на Марко Пејчиновски се единствени и уникатни. Тој е најмладиот пливач кој го препливал Охридското Езеро од Охрид и Струга до Св. Наум и обратно (Св. Наум – Охрид).
OhridNews