Охридската пливачка гордост, хуманист и спортски херој, Марко Пејчиновски утре ќе плива на релација Градиште-Трпејца (Стог)-Охрид, на патека со должина од 20 километри.
Овој викенд, недела, 14.08.2022, деветто препливување на релација Градиште – Трпејца (Стог) – Охрид (20км). Се гледаме на целта, порача Марко на фејсбук профилот.
Минатата недела, Марко преплива 18 километри на релација Заум – Охрид со време од 5 часа 16 минути 15 секунди, со што успешно беше совладан и осмиот предизвик од поставените десет.
OhridNews