Можеби Марко Поло прв ја открил Америка пред Кристифор Колумбо, на што укажува мапа од конгресната библиотека во Вашингтон, која во 1943 ја проучи ФБИ.
Францускиот весник „ВСД“ неодамна објави документ кој во библиотеката го донел Марсијан Роси, амерички државјанин со италијанско потекло, во 1933 година, во кој се прикажува брод покрај мапата на кој се прикажани делови од Индија, Јапонија, Кина и Северна Америка.
На документот наречен „Мапа со брод“, се наоѓа грб испреплетен со буквите Марко Поло.
Према пишувањето на францускиот весник, ФБИ мапата ја испитал во 1943 година со помош на ултравиолетови зраци и при тоа се откриени три слоја на боја, што значи дека мапата била обновувана.
Во статијата се наведуваат неколку хипотези, вклучувајки ја можноста дека Марко Поло, кој од своите патувања се вратил во Венеција во 1295 година, прв ги донел во Европа информациите за постоење на Северна Америка.
„Ако мапата е навистина негова, тој во Америка стигнал два века пред Колумбо и го исцртал теснецот кој ги одвојува Азија од Америка, четри века пред неговата појава на европските мапи“ – истакнува авторот на текстот.
Откривањето на Америка му се припишува на Колумбо, кој до неадоплови во 1492 година.