Марко Пејчиновски кој поради силни болки во ногата беше приморан да го прекине соло маратонот на Охридското Езеро, претставува вистински пример за упорност, свесност и општествена одговорност. Иако има само 13 години, тој успеа да го сврти вниманието на јавноста кон лицата со ретки болести, за кои тој се реши да се фати во костец со Езерото и да се обиде целосно да го преплива во должина од 64 километри. Овој предизвик за кој професионалците велат дека е извонедно тежок, што го потврдува фактот што никој до сега не го остварил, Марко го посвети на луѓето со ретки болести кои секојдневно се борат за својот живот

Единствено со силна верба човек може да успее во сето она што го сака и затоа Марко не се откажува туку ќе продолжи да ги остварува своите соништа! Марко е оној кој ни покажа на сите нас како се поместуваат границите…за повисоки ЦЕЛИ…за РЕТКИТЕ! Денес СИТЕ да честитаме за успехот на МАРКО и да се приклучиме за подигнување на свеста за ЛИЦАТА СО РЕТКИ БОЛЕСTИ!- напиша Тимот на Марко Пејчиновски

Тимот на Марко информира дека денеска од 12 часот кај градското пристаниште почнува продажбата на хуманитарните маички за лицата со ретки болести, а во 14 часот Марко ќе ги поздрави поздрави присутните. Во 15 часот предвидена е дружба со брод на лицата со ретки болести, волонтери и активисти за правата на оваа категорија граѓани.

OhridNews