Момчето со челична волја и неуморен дух, Марко Пејчиновски, утрово нешто пред 10 часот го започна препрливувањето на Охридското Езеро од Радожда до Трпејца. Езерото е мирно, а временските услови одлични за остварување на третата од вкупно десет цели кои Марко си ги зададе за ова лето.

Според најавите, тој ова лето на Охридското Езеро ќе преплива десет различни делници во вкупна должина од околу 250 километри.

Претходно во јуни, Марко Пејчиновски успешно ги преплива делниците од Радожда до Охрид (14 км) и Радожда – Градиште (18км).

Г.М.