Во организација на Агенцијата за млади и спорт, традиционално на крајот на годината се прогласуваат најуспешните македонски спортисти. Меѓу наградените и охридскиот херој Марко Пејчиновски за подвигот кој го направи годинава со десет препливувања на Охридско Езеро.
На свечена церемонија вчера вечер во Скопје прогласени се спортистите на 2022 година во следниве категории:
Спортист на годината: Владимир Егоров – борење
Спортистка на годината: Оливера Наковска Бикова – спортско пара-стрелаштво
Великан на македонскиот спорт:
Кирил Лазаров – ракомет
Горан Пандев – фудбал
Најуспешна национална спортска федерација: Ракометна федерација на Македонија
Најуспешен тренер/селектор: Дејан Митровски – кикбокс
Најуспешен машки национален тим: македонската ракометна репрезентација
Најуспешен женски национален тим: македонската ракометна репрезентација
Млад спортист на годината: Петар Арсовски – бокс
Млада спортистка на годината: Јадранка Темелкова – кикбокс
Подвиг на годината:
Марко Пејчиновски кој десет пати го преплива Охридското Езеро
Харис Бекири – еверестинг – најтешко искачување
Најуспешна екипа во универзитетска конкуренција: Машкиот карате тим
Најуспешен клуб од средните училишта: СОУ „Нико Нестор“ од Струга
Најуспешен спортски клуб од основните училишта: ОУ „Васил Главинов“ од Велес.
Наградите на Егоров и на Бикова Наковска им ги врачи премиерот Димитар Ковачевски.
Марко е и најмладиот пливач кој го препливал Охридското Езеро од Охрид до Свети Наум во двата правци. Со последниот пливачки подвиг, Марко ги заврши најавените 10 препливувања на разни релации на Охридското Езеро, во вкупна должина од 250 километри, што е своевиден рекорд, кој до сега не го постигнал ниту еден пливач.
Во ноември Светската асоцијација за пливање на отворени води (WOWSA) званично ги верификува сите 10 препливувања на Марко.
OhridNews