Марко Петрески од „Кендо клуб Охрид“ се закити со две одличја на 17-тиот интернационален „Солун Кендо куп“!

На овој престижен турнир учествуваа 170 натпреварувачи од 34 клубови и 14 држави, при што Марко постигна извонреден успех. Во индивидуалниот натпревар, тој освои второ место во категоријата пионери. Во екипниот дел, заедно со неговиот јуниорски тим, го освоија третото место.

Дополнителен триумф за охридскиот „Кендо клуб“ донесе и Драган Спасески, кој во своето деби настапување во кадетска конкуренција забележа прва победа и беше награден со медал за прикажано одлично Кендо и борбен дух.

Охридските кендоки во сениорска конкуренција имаа одлични борби и успеаја да стигнат до четвртфиналната фаза, но за жал, не успеаја да продолжат понатаму.

OhridNews