Охридскиот херој Марко Пејчиновски, во недела, 26 јуни, ќе го има третото а воедно и последно препливување за овој месец,  на релација Радожда – Трпејца во должина од 20 километри.

Марко Пејчиновски плива во нов подвиг. Фото: Анамарија Момироска

Претходно месецов, Марко ги преплива делниците Радожда – Охрид (14 км) и Радожда – Градиште во должина од 18 километри.

Марко Пејчиновски како што најави во разговор за OhridNews, ова лето планира да преплива 10 делници на Охридското Езеро во вкупна должина од 250 километри.

OhridNews

Спорт+: Охридскиот херој Марко Пејчиновски ова лето пред себе постави 10 нови подвизи