Охридскиот херој Марко Пејчиновски, утре ќе плива на релaција Струга-Пештани во должина од 21 километар, втор подвиг за овој месец, а петти по ред од предвидените десет.

После една недела одмор, авантурата продолжува во недела на 17-ти јули, порача Марко на неговиот фејсбук профил.

На 3-ти јули Марко пливаше од Струга до Св. Наум и тоа беше четвртиот негов предизвик за препливување на Охридското Езеро.

Во јуни Марко ги преплива делниците Радожда – Охрид (14 км), Радожда – Градиште во должина од 18 километри и Радожда-Трпејца во должина од 20 километри.

Охридскиот супер херој Марко летово ќе преплива уште 5 делници на Охридското Езеро, вкупно 10, во вкупна должина од околу 250 километри.

OhridNews