„ …Тоа е родено во мене… сѐ е дел од мене…од судбината…“ вели Марко Пејчиновски, 13 годишно дете-борец кој најави дека на 28 август 2019 година, празникот Голема Богородица ќе плива соло маратон Охрид-Св.Наум-Струга-Охрид, патека во должина која е скоро пет пати поголема од неговата возраст – 64 километри.

Детето кое минатата година направи подвиг за паметење откако за околу девет часа го преплива Охридското Езеро од Св. Наум до Охрид, најмладиот пливач кој ја препливал оваа делница и со тоа се вброи во легендите на пливачкиот спорт, дете кое успеа и покрај тоа што има доживеано инфаркт на коска на долните екстремитети, соочувајќи се со болката која му беше сопатник и противник, успеа да се соедини со водата и езерото и да ПОБЕДИ.

И оваа година на 28 август, Марко ќе влезе во костец со километрите. И пак ќе се соочи со себе и со езерото, но овој пат својата лична битка ќе ја посвети за повисока цел.

Ќе речете ЗА КОГО? ЗОШТО? КАКО?

ЗА ЛИЦАТА СО РЕТКИ БОЛЕСТИ. ЗА ДА ЈА ПОДИГНЕ СВЕСТА ЗА НИВНОТО МЕСТО И ТРЕТМАН ОД И ВО ОПШТЕСТВОТО. ЌЕ ПЛИВА ИСКРЕНО И ОД СРЦЕ , СО ЉУБОВ, од НЕГО „реткиот“ ЗА НИВ „РЕТКИТЕ“…ЗА ДА СТАНАТ ПОВИДЛИВИ, ПРИФАТЕНИ и НЕРАЗДЕЛЕН ДЕЛ ОД НАШЕТО СЕКОЈДНЕВИЕ…

Марко Пејчиновски

Maрко ќе плива за НИВ, но и ЗА НАШЕ ОСВЕСТУВАЊЕ! Оти отсекогаш се знае дека децата имаат најчисто срце, а со тоа и нивните намери и желби се искрени и полни и токму затоа децата нѐ учат нас возрасните дека е наједноставно да го направиш светот поубаво место за живеење САКАЈЌИ ИСКРЕНО, ДАВАЈЌИ ОД СРЦЕ и ГЛЕДАЈЌИ ОКОЛУ СЕБЕ.

Токму поради сето горе кажано, оваа година Марко пред себе постави сериозно голем предизвик со исклучителна хумана цел – да го сврти вниманието на јавноста, а пред сѐ на општествените чинители кон лицата со ретки болести кои секојдневно бијат маратонски битки и се соочуваат животозагрозувачки препреки. Марко ќе биде гласот на овие луѓе кој на 28 август ќе се претвори во крик за поддршка на лицата со ретки болести и подобрување на нивниот статус во општеството, а пред сѐ на здравствената грижа за нив.

Затоа што сите имаме ист дом-Земјата, дишеме ист воздух, живееме под исто Сонце. Затоа што сите сме исти пред Бога, затоа што Е ЦЕЛО КОГА ИМА СЀ! И ЦЕЛО Е КОГА НЕ ЗАТВОРАМЕ ОЧИ ПРЕД „РЕТКОСТА“ туку ГЛЕДАМЕ СВЕСНО и СО ШИРОКО ОТВОРЕНИ ЗЕНИЦИ.

СО СРЦЕ ЗА РЕТКИТЕ! – порачува младата охридска пливачка легенда Марко Пејчиновски.

OhridNews

Марко го најави новиот подвиг: На Голема Богородица ќе го плива триаголникот Охрид-Св.Наум-Струга-Охрид за лицата со ретки болести 

Таткото на Марко: Зарем тешко е да се извага – НЕЧИЈ ЖИВОТ или еден прием помалку, провизија, Мерцедес…