Девет часа и дваесет и шест минути му беа потребни на Марко Пејчиновски да ја преплива делницата од Струга до манастирот Св. Наум со што го совлада и четвртиот предизвик ова лето на Охридското Езеро.
На целта кај Св. Наум Марко беше поздравен од голем број посетители кои денеска го преплавија манастирот на празникот на големиот светител и Чудотворец Св. Наум.
Ова беше четврто препливување на Охридското Езеро на Марко ова лето. Во јуни тој пливаше од Радожда до Охрид, односно Градиште и Трпејца, а денеска на листата подвизи ја додаде делницата Струга – Св. Наум.
Охридскиот супер херој Марко летово ќе преплива уште 6 делници на Охридското Езеро, вкупно 10, во вкупна должина од околу 250 километри.
Г.М.