Охридскиот супер хероj Марко Пејчиновски ја исполни седмата мисија на Охридското Езеро ова лето. Тој денеска ја преплива дистанцата Радожда – Трпејца – Градише за 6 часа 52 минути 15 секунди.

До крајот на летото Марко ќе преплива уште три релации на Охридското Езеро, вкупно 10, во должина од 250 километри.

Подвизите на Марко Пејчиновски се единствени и уникатни. Тој е најмладиот пливач кој го препливал Охридското Езеро од Охрид и Струга до Св. Наум и обратно (Св. Наум – Охрид).

OhridNews