Охридската пливачка гордост, хуманист и спортски херој, Марко Пејчиновски, кој ова лето пред себе постави цел 10 пати на разни далечени да го преплива Охридското Езеро, денеска ја препливува втората делница од распоредот од Радожда до Градиште во должина од 18 километри.

Минатата недела Марко ја исплива делницата Радожда  – Охрид во должина од 14 километри.

Многу сакам да ги поттикнам другите луѓе. Нашата земја има многу таленти, а спортот најдобро не обединува сите. – изјави Mарко во Спорт+ на OhridNews.

Во јуни Марко ќе плива уште една делница од Радожда до Трпејца (20 км.).

OhridNews

Спорт+: Охридскиот херој Марко Пејчиновски ова лето пред себе постави 10 нови подвизи