Малиот Марко Пејчиновски ќе плива за децата со ретки болести.

Тој извести дека наместо на 28-ми август на празникот Голема Богородица, поради здравствени причини,  ќе плива на 4-ти септември по трет пат сезонава.

Стартот на новиот подвиг ќе биде од градското пристаниште во Охрид.

Последно,  Марко преплива од Охрид до Св. Наум на 3-ти јули во чест на празникот посветен на „Преподобен Наум Охридски Чудотворец“ кој се празнува на тој ден, и стана најмладата личност која ја препливала оваа патека за време од 7 часа и 15 минути.

Марко во 2018-та година за девет часа го преплива Охридското Езеро, а наредната година пред себе си постави цел да исплива 64 км долж Охридското Езеро со цел да ја подигне свеста за лицата со ретки болески. Ова пливање беше прекинато по 12 километри поради болки како резултат на болеста со која се соочува, инфаркт на долните екстремитети.

OhridNews