Охридскиот херој Марко Пејчиновски ова лето пред себе постави цел 10 пати на разни далечени да го преплива Охридското Езеро. Овој извонреден млад спортист и хуманист, денеска ќе плива од Радожда до Охрид во должина од 14 километри.

Вели дека физички и психички е подготвен за првото препливување сезонава.

Многу сакам да ги поттикнам другите луѓе. Нашата земја има многу таленти, а спортот најдобро не обединува сите. – додава Марко.

Во јуни Марко ќе плива уште две делници. На 18 јуни Радожда – Градиште во должина од 18 километри и на 25 јуни Радожда – Трпејца во должина од 20 километри.

OhridNews