Охридскиот супер херој Марко Пејчиновски пред камерите на Охридњуз ја отвара душата за новиот предизвик – IRONMAN, мотивот, целта и животните искушенија кои ги тестираат крајните граници на секој човек.

Не е дека едвај чекам да го направам, болка е, знам дека да ќе трпам. Последните две години од моето последно пливање психичката тортура беше поголема од било која физичка болка и знам дека и сега ќе биде така. Јас можев да не го правам овој предизвик на никого не му должам ништо, себеси си должам, но сакам да им покажам и на другите дека без оглед каде и да се изгубени има начин да најде излез со помош на Бога, вели во емисијата Спорт+ Марко Пејчиновски.

Марко Пејчиновски во Спорт+: Новиот IRONMAN предизвик го правам за да им покажам и на другите дека без оглед каде и да се изгубени има начин да најдат излез со помош на Бога

Г.М.