Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов и неговата сопруга Маја, денеска во Вилата Билјана во Охрид, го примија  Марко Пејчиноски кој беше придружуван од своето семејство.

Претседателот Иванов, изрази безрезервна поддршка и додаде дека храбриот подвиг на Марко заслужува големо внимание и почит и претставува позитивен пример и мотив за сите млади и талентирани.

– На свои дванаесет години Марко е европски и светски шампион кој покажа извонредна храброст, пожртвуваност и упорност својствени за врвните спортисти. Ти си наша заедничка гордост. Ти посакувам уште многу идни спортски успеси со кои ќе се гордее Република Македонија, рече претседателот Иванов.

Марко раскажуваше за предизвиците во вода додека го препливуваше езерото, при тоа истакнувајќи дека со вербата во Бога и поддршката од неговото семејството успеал да ги преплива 25 километри во лоши временски услови.

OhridNews