Младиот фудбалер на ГФК Охрид Марко Мирчески доби повик за настап во У-16 репрезентација на Македонија што ја предводи селекторот Драган Начевски.
Младата репрезентациата на Македонија претстојниот период ќе одигра два пријателски натпревари во Скопје и уште два во Анталија, Турција.
На 19 и 21 март У16 репрезентацијата на Македонија ќе се сретне со Естонија, на 23 март ќе одигра меч со Русија, а два дена подоцна играме со Киргистан.
Претстојните натпревари ќе бидат добра можност талентираниот Мирчески да го покаже својот потенцијал во дресот со националниот грб.
Г.М.