Фудбалерите на Црвена Ѕвезда финишираа четврти на табелата во групата и не успеаја како третопласирани да обезбедат пласман во нокаут фазата во Лигата на Европа. „Црвено белите“ во одлучувачкиот натпревар за европска пролет изгубија 1-0 од Олимпијакос во Грција. Црвена Ѕвезда при резултатот 0-0 преку Томане промаши пенал, а во финишот од мечот од пенал прими погодок кој на крајот се покажа пресуден за мечот и судбината.

  • Многу е тешко. Неколку минути пред крајот од мечот примаме погодок кој ние им го подаривме. Тешко е да објасни пеналот и играњето со рака на Жандер. Имавме се во свои раце, но на крајот останавме со празни раце и голема тага. – изјави капитенот Марко Марин.

Тој ги оцени учеството и резултатите во ЛШ.

  • Учеството во ЛШ е за позитивна оценка, но натпреварите со Баерн Минхен и Тотенхем дефинитивно не заслужаат ништо позитивно. Синоќа имавме шанса да се поправиме, но ние дополнително ја искомплициравме ситуацијата и сезоната во ЛШ ја направивме неуспешна. – додаде Марин.

На пролет во Србија нема да се игра европски фудбал. Претходно за пласман во понатамошната фаза од ЛЕ ги загуби Партизан.

OhridNews