Шест часа пет минути и триесет и девет секунди му беа потребни на Марко Пејчиновски да ја преплива делницата од Радожда до вила „Марко“ во Трпејца. Од вода излезе нешто пред 16 часот, свеж, како да не пливал 20 километри по жешкото неделно сонце.
Ова беше трето препливување на Охридското Езеро на Марко во јуни. Сите три беа со старт од Радожда до Охрид, односно Градиште и Трпејца денеска.
Охридскиот супер херој Марко летово ќе преплива уште 7 делници, вкупно 10, во должина од околу 250 километри.
Г.М.