Момчето со нескршлив дух, Марко Пејчиновски, утрово, на празникот Св. Нсум, го започна препрливувањето на Охридското Езеро од Струга до манастирот Св. Наум.
Езерото е мирно, а временските услови одлични за остварување на четвртиот подвиг ова лето.
Претходно во јуни, Марко Пејчиновски успешно ги преплива делниците од Радожда до Охрид (14 км), Радожда – Градиште (18км) и Радожда – Трпејца (20 км).
Марко ова лето на Охридското Езеро ќе преплива десет различни делници во вкупна должина од околу 250 километри.
Г.М.