Охридскиот супер херој Марко Пејчиновски го започна своето десеттото и најголемо препливување ова лето на Охридското Езеро на релација Охрид – Струга – Св.Наум – Охрид, во должина од 64 километри.

Со овој подвиг, Марко ќе ја оствари зацртаната цел летово да преплива 10 дестинации на Охридското Езеро во вкупна должина од 250 километри, што ќе биде историски подвиг до сега невиден на овие простори. Марко, како што кажа пред почетокот на летото во разговор за OhridNews, сите овие подвизи ги прави со силна мотивација која сака да ја пренесе на целата нација, посочувајќи дека нема неостварливи цели и непремостливи препреки.

Марко Пејчиновски зборува за подвизите ова лето во Спорт +

Се очекува Марко да го заврши препливувањето на 64 километри долгата делница на празникот Успение на Пресвета Богородица.

Напред Марко!

Г.М.