Поради силното струење на водата во обратна насока на пливањето, Марко Пејчиновску се очекува да пристигне на пристаниште околу 09:30 часот, информира неговиот тим.
Марко вчера попладнето го почна препливувањето на 64 километри долгата делница Охрид-Струга-Св. Наум-Охрид. Со овој подвиг тој ќе комплетира 10 препливувања во едно лето во вкупна должина од 250 километри.
Г.М.