Португалија и Кристијано Роналдо ги дели само еден натпревар до пласман на Светското првенство во Катар. Сепак, ривал на „Драгао“ во Порто во финалето на плејофот ќе им биде репрезентација која својата историја ја гради со подвизи.
Шпанска „Марка“ направи кратка анализа на македонската репрезентација и очекувањата за вечерашниот дуел.
Победивме една од најдобрите селекции во светот… но нема да застанеме. Сакаме да го направиме последниот чекор и да стигнеме до Светското првенство потврдувајќи дека сме меѓу 20-те најдобри европски селекции, рече македонскиот селектор Благоја Милевски.
Во Палермо, Македонците се спротивставија на опсадата на Италија и постигнаа победнички гол 92. минута преку Трајковски, враќајќи ги „азурите“ во пеколот.
Сè уште сум во шок. Ако можеме да ја победиме Португалија? Да. Ќе дадеме се од себе… и ќе успееме, еуфорично изјави капитенот Стефан Ристовски.
Македонскиот тим пред пет години беше на 166. место на рангирањето на ФИФА! Сега тие се број 67.
Имаме 90 минути да го исполниме нашиот сон и сонот на целата земја. Не можеме да ја пропуштиме оваа можност, смета Елиф Елмас кој се враќа во тимот по паузата поради жолти картони.
Претходоно, во квалификациската група, Македонците ја совладаа Германија во Дуизбург, со 2:1, токму со голот на Елмас.
Дебито на последното Евро – тие ги загубија сите три натпревари – беше пресвртница за С. Македонија која никогаш порано не уживала на турнир и сака да го повтори во Катар. Македонците против Португалија ќе го искористат оружјето со кое триумфираа против Италија. Два удари и еден гол, прогнозира „Марка“.
Дали Кристијано Роналдо по 2006, 2010, 2014 и 2018 година ќе се избори за учество на уште еден Мундијал, или македонските фудбалери ќе направат историски подвиг и за прв пат ќе се најдат на едно Светското првенство, ќе се знае по вечерашнито меч во Порто закажан за 20:45 часот.