Шпанија, по Италија, во моментов е најголемото жариште на коронавирусот во Европа. Речиси 30.000 луѓе се заразени, а досега од вирусот починал 1.772 лица.
„Марка“, еден од најпознатите светски спортски весници во услови кога во државата е воведена вонредна состојба го објави идеалниот тим на Шпанија. Овој пат тимот не е составен од фудбалери што требаа да играат на Европското првенство . „Екипа на сите нас со која Шпанија сигурно победува“ е насловот на „Марка“, а тимот е составен од обични луѓе кои на првата линија се борат со опасниот вирус.
OhridNews