Познат по тоа дека не се грижи многу за својот изглед, и дека секогаш носи фармерки и обична еднобојна маица, стилот на Цукерберг станува дел од понудата на компанијата “H&M”. Колекцијата носи наслов „Работа помалку да размислувате наутро“ и е засновата врз уверувањето на Марк дека носењето и на најлесни одлуки, како изборот на облека, бара ментална енергија која му смета на нашиот напор во правењето многу поважни работи, се вели во официјалното соопштение на брендот.
Фармерките и маиците со потписот на Цукерберг ќе се најдат во продажба ширум светот од 1 мај оваа година. Карл Лагерфелд и Дејвид Бекам се само некои од познатите имиња кои веќе потпишале колекции на фирмара “H&M”, а на кои сега им се придружи и Марк Цукерберг.