Фејсбук планира да добие уште повеќе корисници, односно неверојатни 5 милијарди луѓе кои сеуште немаат пристап до интернет. Во вторникот Марк Цукерберг најави партнерство со некој од најголемите светските компании за да постави интернет во некои делови на светот кои сеуште немаат пристап или пак не можат да си го дозволат тоа.

Internet.org ќе ги спои светски познатите компании како Нокиа, Самсунг, Ериксон и други со кои ќе работи на надминување на овие предизвици. Нивната цел е да се овозможи веб пристап до пет милијарди луѓе, првенствено во земјите во развој.

Во предлогот со наслов “Дали пристапот на интернет е човеково право?” Цукерберг ги изложува своите планови за опремување на остатокот од светот со алатки преку кои ќе се овозможи сите луѓе да имаат лесен пристап до интернетот.