Шпанецот Марк Роиг на својот дебитатнски настап победи на Охридскиот Атлески Маратон.

Роиг во 2007 година беше шампион на својата земја на 5 и 10 километри, беше многу блиску само една минтуа  до рушење на рекордот на патеката кој останува во сопственост на Борислав Девиќ од Србија.

Тој потенцираше дека е воодушевен од охридските убавини.

–  Уживав во трката, иако морам да признам дека големите угорнини и удолнини ми правеа проблем. Вистинско уживање беше вториот дел од трката и воодушевен сум од убавата природа. И наредната година ќе дојдам во Охрид кога ќе се обидам да го совладам рекордот кој видовте овај пат за малку ми избега – изјави Роиг по завршувањето на трката.
М.П.